Судскиот совет денеска конечно избра претседатели на десетина судови со кои раководеа в.д. претседатели. Миле Димовски, судија – кривичар, е избран за нов претседател на Основниот суд во Битола, за кого гласаа 13 од вкупно 14 членови на Судскиот совет. Противкандидат на Димовски беше досегашниот претседател на Судот во Битола Дејан Крстанов кој не доби поддршка за нов мандат, објави Novatv.mk
Претседателот на Советот Киро Здравев рече дека Димовски има подолго судиско искуство, за разлика од Крстанов кој е со судиски стаж од 7 години и 15 дена. Против изборот на Димовски гласаше единствено членот на Советот Жарко Караџоски кој рече дека гласал против, не затоа што Димовски не е добар судија, туку затоа што Советот не го поддржал Крстанов во чиј мандат Судот во Битола покажал одлични резултати.
За нов претседател на Судот во Велес е избрана Лидија Димова која има 33 години, 3 месеци и 3 дена судиски стаж, за која гласаа сите членови на Советот и за која рекоа дека ,,мора да добие признание за својата досегашна работа“. За Александар Шопов, досегашниот претседател на Судот во Велес кој исто така беше кандидат, беше речено дека е млад и има време да се докаже.
Текстот во целост на: Novatv.mk