Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Десетмина возачи приведени за безобѕирно управување, меѓу нив и 15-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 минути -

Македонија
media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc
Фото: ФБ / МВР

Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ Македонија поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило.

— реклама —

Според Министерството за внатрешни работи, седуммина од нив управувале со возила без положен возачки испит. Меѓу нив има и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Приведените се од Скопје, скопските села Батинци и Блаце, селото Гошинце во Општина Липково, а еден од нив претходно учествувал и во сообраќајна незгода.

— реклама —

Други тројца возачи биле затекнати зад воланот и покрај активната забрана за управување со моторно возило. Станува збор за лица од Скопје, Крушево и Штип. Возачот од Штип истовремено управувал и под дејство на алкохол.

— реклама —

Сите десетмина се лишени од слобода поради сомнение за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно со член 297-а од Кривичниот законик. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат граѓаните да не управуваат со возило без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол, со цел спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Тешко повреден возач на четирицикл во сообраќајна несреќа кај Добарце

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Уапсен државјанин на Таџикистан во Тетово поради сомнение за фалсификување исправи

Македонија | пред 1 час

akcija-mvr-policija-policajci-specijalna-2

Голема полициска акција: Претреси на повеќе локации поради сомнение за изнуда, перење пари и несовесно работење

Македонија | пред 2 часа

media-libraryt3k1pp8g0bhl1aMByOG

Објавувал епизоди од телевизиска серија на Фејсбук без авторски права, кривична за 46-годишен скопјанец

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања