Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Десетмина возачи уапсени, меѓу нив и малолетници што возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата на повеќе локации во државата лишила од слобода 10 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

— реклама —

Од нив, седум возачи управувале возила без да имаат положено возачки испит. Станува збор за В.М. (19), Ѓ.Ј. (22), С.У. (36) и К.П.Т. (45), сите од Велес, 17-годишник од село Морани, Скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од село Присојница, Општина Маврово и Ростуше. Последниот предизвикал и сообраќајна незгода.

Дополнително, со двајца малолетници од Велес, кои управувале мопеди без возачка дозвола, бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители.

— реклама —

Полицијата лишила од слобода и двајца возачи кои управувале моторни возила и покрај изречена активна забрана. Станува збор за П.Р. (61) од село Јакимово, Виничко, и Д.А. (33) од Скопје.

— реклама —

Од слобода бил лишен и П.Л. (70) од Кавадарци, кој управувал возило под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возила без положен возачки испит, за време на изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Македонија | пред 21 час

— реклама —
izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 21 час

pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 21 час

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања