Десетто издание на 100 илјади поети за промена во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
10.000-poeti-fb-cover

Во сабота, 26 септември 2020 година ќе се реализира јубилејното десетто издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ - Струмица, Македонија.

— реклама —

Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира десеттото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои изразија интерес преку отворените повици да бидат дел од мисијата на самата манифестација и ова глобално движење.

— реклама —

По претходно распишаните конкурси за поезија и плакат, за ова јубилејно 10-то издание програмата ќе се реализира на две локации. Во Бабилон кафе со почеток во 20 часот ќе биде отворен фестивалот со промоција на зборникот во кој се застапени 60 поети, дел од повеќе од 200 авторите кои се пријавија на конкурсот, а годинава на поетското претставување ќе учествуваат само поети од Македонија, меѓу кои Љулзим Хазири, Ива Дамјановски, Зоран Анчевски, Никола Маџиров, Сузана Мицева, Андреј Ал-Асади, Исток Улчар, Вања Изова Велева и многу други, со музичка поддршка на Панче Илиев (Pi). Во вториот дел од програмата кој е предвиден да започне во 22 часот во кафе бар Нагоре ќе биде отворена изложбата на плакати, односно дизајнерските решенија кои пристигнаа на конкурсот, а учесниците и гостите ќе ја имаат уникатната можност да го проследат музичко-визуелниот перформанс на колективот Improof.

— реклама —

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ - меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и offline настани, а нашата држава и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток. За време на фестивалот ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од COVID19 според мерките на СЗО и Министерство за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања