Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Дескоска: Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-1-2

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се сретна со Катерина Недељковиќ и Фредрик Сандберг - експерти од Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП.

— реклама —

За време на состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија е една од земјите со највисока имплементација на препораките на Европскиот суд за човекови права.

— реклама —

Заштитата на човековите права и градењето на капацитетите на институциите за заштита на човековите права се на врвот на владината агенда – истакна министерката Дескоска, која дополни дека нејзината посветеноста кон реформите во правосудството е последица на реалната потреба на граѓаните.

— реклама —

Министерката информираше за реформската агенда на Министерството за правда, па во таа насока Дескоска ја потенцираше добрата соработка со Венецијанската комисија, Советот на Европа, мисијата на ОБСЕ и голем број странски експерти кои се вклучени во изготвувањето и чии препораки се имплементираат во законските решенија.

Министерката за правда ги извести претставниците на Оделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП, дека Република Северна Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и дека ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките кои произлегуваат од пресудите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања