Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дескоска на средба со новата амбасадорка на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-1-2

Министерката за правда, Рената Дескоска, се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.

— реклама —

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнз и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Република Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Брнз за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик кој претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.

— реклама —

Дескоска истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.

— реклама —

Амбасадорката Брнз ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања