ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

„Деспотот од Форино не признава ниту Устав, Џафери“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и обелоденува случај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
talat-dzaferi

„Деспотот од Форино, Талат Џафери, не признава ниту Устав, ниту закони во државата. Џафери спротивно на Уставот на Македонија, е претседател на Собранието и партиски функционер“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Во исто време Џафери е претседател на Собранието на Македонија и член на Централниот одбор на ДУИ.

— реклама —

Талат Џафери грубо го крши Уставот со секојдневно појавување на партиски трибини слугувајќи му на Али Ахмети, наместо да си ја врши функцијата претседател на Собранието.

— реклама —

Според член 67, став 3 од Уставот каде што се вели „Функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија”, деспотот Џафери не смее да врши никаква политичка функција.

Ова е самоволието на функционерите на ДУИ.

Деспотот Џафери наместо да аплудира на заканите кон медиумите и нивните етикетирања од страна на Али Ахмети, треба да си ја врши својата работа за која го избраа, претседател на Собранието на Македонија.

Додека Собранието со месеци е не функционално, нема закажани седници, собраниски комисии, а Џафери наместо претседател на Собранието и втор човек во државата, тера партиски агенди потчинувајќи му се на Али Ахмети.

На ваквото самоволие мора да му дојде крајот. Граѓаните ќе го казнат ова автократско однесување на власта на СДС и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања