Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Деспотовски на средби со странски инвеститори - најавени нови инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Проширување на инвестициите, нови механизми за државна поддршка за зголемување на продуктивноста и повисоки плати за вработените, како и нововедениот систем за Грижа за корисници – таканаречен “Систем на една влезна точка“ беа во фокусот на разговорите на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и компании во ТИР зоните во Кичево, Охрид и Струга.

Деспотовски пред инвеститорите, Костал, ОДВ Електрик и Џојсон Сејфти Системс го презентираше новиот концепт во работењето и новиот начин на државна поддршка. Со посебни механизми кои ги развива ТИРЗ целта е да се поттикнат инвеститорите што побрзо да ја искористат државната помош и да ги остварат зацртаните таргети, како и да се иницираат дополнителни услови што ќе овозможат реализација на нови развојни проекти. Компаниите изразија задоволство од новите предлози и истовремено најавија конкретни планови за проширување на своите производствени капацитети и повисоки плати.

„Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и нивните планови за нови инвестиции. Во изминатите неколку месеци имаме конкретни најави за инвестиции од 80 до 100 милиони евра, како од постоечките така и од нови фирми. Особено е позитивно тоа што компаниите работат успешно и размислуваат да ги прошируваат капацитетите. Тоа ќе значи не само нови работни места, туку квалитетни и добро платени места. Остануваме посветени како преку конкретни мерки кои веќе ги предлагаме да поттикнеме спирала за пораст на платите, рече Деспотовски.

Како еден од главните проблеми е посочена продуктивноста во производствениот процес.

-Продуктивноста е проблем децении наназад. Со компаниите разговараме како да работиме заеднички да расте продуктивноста – а тоа е еден од начините како да се поттикне раст на платите. Развиваме и посебна програма што предвидува државата преку кофинансирање да ги поддржи компаниите да спроведуваат програми за развој на вештини, што ќе поттикне раст на продуктивноста, а преку тоа и пораст на платите. Растот на платите ќе се случува, веќе се случува, но работиме на тоа да биде поинтензивно, рече Деспотовски.

— реклама —

Директорот на ТИРЗ најави дека веќе се имплементира инвестициски циклус од 15 милиони евра во основната инфраструктура во повеќе зони, кој за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби и кој ќе резултира во создавање услови за нови инвестиции.

Директорот на „Костал Македонија“ Виктор Мизо ги поздрави ваквите средби и активности од страна на ТИРЗ кои позитивно влијаат на имплементација на идните планови и взаемно утврдување на обврските на двете страни и конкретни мерки за надминување на потешкотиите со кои се соочуваат странските фирми што имаат инвестиции во земјата.

„За нас е мошне важно да имаме здрава, добра инвестициска клима, можност за развој, задоволување на договорните обврски на државата, и тоа не само преку државна помош,“ рече Мизо.

— реклама —

“Костал Македонија“ планира воведување на нови производствени линии и отворање нови работни места.

„Планот е наредните неколку години филијалата во Охрид да биде една од двете најважни локации на „Костал“ групацијата во Европа. Тоа е многу позитивно и за државата, доколку се земе предвид додадената вредност на крајните производи на компанијата, со потенцијал за неколку години да се оствари годишен извоз од над 300 милиони евра и вработување на над илјада висококвалификувани вработени, рече Мизо.

Покрај Костал и ОДВ Електрик и Џојсон Сејфти, исто така најавуваат конкретни планови за проширување на производствените капацитети, воведување на нови производствени линии на производи со повисок квалитет и повисока додадена вредност како и мерки за поттикнување на засилен раст на плати. Овие три компании за следниот период веќе најавуваат отворање на дополнителни 500 работни места, покрај сегашните 2000.

— реклама —

Особено позитивни се оценките за новововедениот систем за грижа на корисници кој од неодамна го имплементира ТИРЗ. Таканаречениот систем на “една влезна точка“, нуди поедноставен пристап до услугите и персонализирана поддршка. За таа цел ТИРЗ направи реорганизација на целиот систем и процедури кој вклучува единствено лице за контакт за секоја компанија како и дигитализација на услугите со цел да се скрати времетраењето на процесот на поднесување и процесирање на барања.

фото: ТИРЗ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања