Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Деспотовски: Продолжува растот работни места и извозот во ТИРЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
despotovski

Во технолошко индустриските зони продолжува трендот на зголемени активности и позитивни економски движења - покажува анализата на ТИРЗ за почетокот од годинава. Компаниите кои се активни во зоните продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната економија во земјава.

— реклама —

Вкупниот извоз од зоните во јануари 2021 е за речиси 34% зголемен во однос на јануари 2020 година. Бројките покажуваат дека компаниите во зоните биле најмногу погодени од пандемијата, но имаат и најголем потенцијал за брзо закрепнување. Трендот на раст почнува од август, со зголемени активности и во однос на истиот период од претходната година при што врвот од 100% е достигнат во октомври. Компаниите-инвеститори во ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 45% удел во целокупниот извоз или 2,6 милијарди евра за последната година.

И во однос на увозот во рамки на зоните е регистриран раст од над 62% во јануари 2021 година споредено со истиот период лани. Во зоните е регистриран и позитивен тренд во однос на нето извозот од +17,4%, односно поголема покриеност на увозот со извоз во однос претходната година. Во националната економија покриеноста на увозот со извозот е минус 24%.

— реклама —

Првиот месец од годинава ТИРЗ бележи благ тренд на пораст на вработени во зоните во кои во моментов работат над 14.000 лица. ТИРЗ развива нов сет мерки за поттикнување на компаниите предвреме да ги исполнуваат своите таргети за вработувања и преземени инвестиции.

„Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во однос на обем на инвестиција и во однос на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на зголемување на платите. Конкретно компанијата Гентерм е еден од позитивните примери коишто минатата година го достигна предвидениот број на работни места од над 2000 луѓе кои инаку по договорот за државна помош требаше да го достигне во 2024 година. Меѓутоа компанијата не беше сама во тој проект. Државата, Дирекцијата, Владата застана позади тоа и исто така пред време, значи 4 години пред истекот на рокот си го исполни својот дел на обврската. Со тоа испраќаме јасна порака до инвеститорите дека да, сакаме да ги реализираат своите сопствени инвестициски планови и тоа да го направат побрзо и подинамично“, вели Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

Истовремено кај инвеститорите има позитивни реакции и подготвеност заедно со ТИРЗ да работат на мерки и програми со кои ќе се поттикне и раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот.

Инаку новиот концепт во работењето на ТИРЗ се базира на четири столба: привлекување странски инвестиции со поголем квалитет, отворање кон домашните инвеститори, нов систем на државна помош според потребите на потенцијалниот инвеститор дополнет со сет мерки за зголемување на плати и поголема продуктивност на трудот, како и нов концепт на “after care“ односно грижа за корисници.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања