Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Детали: Докторката заболена од коронавирус редовно одела на работа и контактирала со пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
06032020_VRSM_Filipce_pres

Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртата заболена од коронавирус. Таа не ги почитувала препораките, па по враќањето од Италија, редовно одела на работа и контактирала со пациенти, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

— реклама —

„Беше дијагностицирана уште една пациентка позитивна на коронавирусот. Таа се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Морам да кажам дека, со огромен процент на разочарување, во котнтекст на непочитување на препораките и апелите за задолжителна автоизолација, по секое патување во ризичните региони, ве информирам дека пациентката е жена, наша колешка, лекар. Таа пред една недела допатувала од Италија. Таа докторка е и директорка на Клиниката за кожни болести. По враќањето во земјава, изминативе пет работни дена, одела редовно на работа. Земајќи во предвид овој факт, со исклучително големо внимание пристапуваме кон мерките на Клиниката за кожни болести. Во овој момент, целата екипа од Институтот за јавно здравје прави проценка на степенот на ризик, за сите кои контактирале со неа, како вработени, така и пациенти. Можно е согласно проценката, одделот да биде целосно затворен. Целовкупниот медицински персонал, согласно фреквенцијата и должината на контактот кој го имале, можно е да бидат испратени на домашна самоизолација“, рече Филипче.

Состојбата на докторката е стабилна.

— реклама —

„Нејзината состојба е стабилна има лесна клиничка форма. Состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Во текот на денот денеска, евентуално утре, ќе се направи контролен тест по што ќе се одлучи за нејзино испуштање од болница“, додаде Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања