Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ДЕТАЛИ: Која е, каде се движела, каква и е состојбата и кога е примена жената заболена од коронавирус, кажаа Филипче и Караџовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot_10

Жена родена во 1970 година, која еден месец престојувала во Италија и таму била болна во последниве две недели е првата заболена од коронавирусот во земјава. Таа еден месец прстојувала во Италија. Во Македониаја пристигнала ноќеска во 2 часот.

— реклама —

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека пациентката била хоспитализирана денеска околу 15 часот, сместена е на Инфективната клиника и е во изолација. Претходно, во Италија била болна 2 недели, но не била тестирана на коронавирусот. Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје рече дека заболената била донесена со приватно возило, од наплатната рампа Табановце, директно во Инфективната клиника. Тој соопшти дека заболената е изолирана во посебна соба.

„Екипата која беше од наша страна испратена, од ИЈЗ, да земе анкета, се задржа помалку од два часа. Беа опремени комплетно за заштита од коронавирусот. Лицата кои ги примаат овие болни влегуваат од посебен влез, се сместуваат по посебни патеки на движење. На Инфективна клиника не може кој како да шета. Лицето било спроведено согласно сите протоколи во комплетна заштита опрема. Во моментов е на интензивна нега и е под будно следење на докторите. Не можеме да го сместиме во било која соба, туку во изолација од останатите болни на клиниката“, рече Караџовски.

— реклама —

Караџовски кратко прокоментира дека жената заболена од коронавирус е свесна и тоа е доволно да го знае јавноста.

„Во моментов жената е свесна, ориентирана и дише сопствено. За вас тоа е доволно, а лекарите си ја спроведуваат својата активност“, кажа Караџовски.

Траекторијата на дивижење на жената била од Табановце до Инфективна клиника, а детали ќе се знаат во 8 часот кога на прес-конференција ќе излезе повторно министерот Филипче.

„Јас знам дека лицата се внесени од Табановце, па од таму, со приватно возило, дошле на Инфективната клиника. Во Италија било проценето дека имала симптоми, дали е тестирано е друго. Ние ги тестираме сите кои имаат симптоми. Во моментов, ве молам да не се шири дефетизам“, вели Караџовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања