Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Детали од ОЈО Охрид за приведените лица кои сакале да заминат за Лутон со фалсификувани израелски пасоши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
aerodrom-ohrid-300x224

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид - Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година.

— реклама —

— реклама —
Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.

— реклама —
Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања