Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп: Петар веќе бил пријавуван за пукање, пиштолот го наследил од татко му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Петар Ѓ. (62) од Прилеп, кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по престрелка со полицијата, и во минатото бил пријавуван за инцидент со огнено оружје, но делото тогаш застарело, информираат од ОВР Прилеп за „Скопје1“.

Според полицијата, оружјето со кое го извршил двојното убиство и самоубиството било во негова сопственост легално – стекнато по наследство од негов родител, за што поседувал дозвола од 2012 година, обновена во 2022 година.

— реклама —

Во јавноста се појавија прашања зошто полицијата реагирала дури по 21:00 часот. Од МВР појаснуваат дека првата пријава за настанот била примена во 21:20 часот, а до тој момент во ОВР Прилеп не постоела никаква претходна пријава од граѓани, сведоци или очевидци.

Во евиденцијата на полицијата, против Петар Ѓ. не постоеле активни кривични пријави, ниту поплаки во последните години. Единствената пријава датира од 2002 година, кога бил пријавен за предизвикување општа опасност – случај во кој пукал со огнено оружје во кафеана, но постапката за тој инцидент е застарена.

— реклама —

Истражната постапка за мотивите и околностите на трагичниот настан е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања