Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Детали за несреќата кај Неготино: Починатото лице е 20-годишно момче од Бангладеш, возачот избегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pocinat

На 23.08.2019 во 19.40 часот на автопатот Демир Капија- Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од С.Ч.(52) од Република Србија.

По незгодата возачот на „ Фолксваген Фејтон “, во кое се превезувале 13 лица-мигранти(10 од Пакистан и три од Бангладеш) го напуштил местото на настанот.

— реклама —
— реклама —

Едно 20 - годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.

— реклама —

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено на обдукција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања