„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Детали за несреќата во Ниш, починаа две деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
nis-nesreca-voz-1-830x0

Пет семејства завиени во црно е новиот биланс од сообраќајната незгода што го потресе регионот, а се случила утрово кај Ниш. Воз удрил во автобус кој преминувал преку железничка пруга, а од јачината на ударот, автобусот се преполовил. Едната половина останала од едната, а другата од другата страна на пругата.

— реклама —

На самото место загинале три лица, а две им подлегнале на повредите во операциски сали во Клиничкиот центар во Ниш. Најмалку десетмина се во тешка животозагрозувачка состојба.

Телеграф ги објави имињата на загинатите: 75-годишен Богомир Лазиќ, 48-годишна Даниела Станковиќ, 42-годишна Наташа Јанковиќ и момче и девојче на 15 години.

— реклама —

Вочазот на автобусот e осомничен дека е виновен за несреќата. Тој e во истата болница во која на повредите им подлегнале 15-годишниците. Тој е опериран, а полиција го чува од роднините на настраданите. Лекарите се борат за животот на околу десетина лица.

„Сцените се толку ужасни што и полицајците плачат додека ги извлекуваат жртвите. Автобусот буквално е пресечен на два дела“, вели очевидец за Блиц.

На лекување се задржани 13 лица, од кои осум се малолетни, а момче и девојче на 16 години се во тешка состојба.

Девојчето има тешки повреди на средишниот нервен систем, оперирано е, но е во кома. Момчето има повреда на горниот дел од карлицата. Борбата за нивниот живот продолжува, изјавил српскиот министер за здравство Златибор Лончар кој е во посета на Клиничкиот центар во Ниш.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања