Детали за разговорот меѓу Мицкоски и Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski16122021

Разговаравме за две теми генерално, еден час траеше средбата, првата тема беше спорот со нашиот источен сосед каде што јас ги повторив нашите тези принципиелниот став да се почитува Резолуцијата усвоена од Парламентот, од сите политички партии и изразив загриженост поради фактот што колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции, толку повеќе барањата од нашиот источен сосед се поголеми и на тој начин само се уништува преговарачката позиција и ништо не се добива за возврат, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Јас лично и ВМРО-ДПМНЕ цениме дека треба да се напушти принципот на коленичење и сервилност, треба да се покаже карактер и да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер тоа е она коешто е моја порака, како и тоа дека доста е од срамови и понижување, народот е фрустриран затоа што многу отстапки направи во оваа наша независност, а во суштина уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори. Тоа е нашата принципиелна позиција и таа позиција подготвен сум да ја бранам и со факти и со аргументи било каде и пред било кој.

— реклама —

Втората тема којашто ја зборуваме беше темата за предвремени парламентарни избори. Имајќи во предвид дека како ВМРО-ДПМНЕ можеби бевме и предмет на критика од страна на јавноста, бидејќи бевме некако молчаливи изминатиов период и не бевме присутни во јавноста само со една цел, да не си најде некој изговор дека ете ВМРО-ДПМНЕ е виновно зошто ние не ја добиваме датата за почеток на преговорите. Но, сега веќе кога и повеќе од јасно дека поминува и декември месец, се бараат некои нови шест месеци за преговори, едноставно последниот адут којшто го имаше оваа Влада заминува во неповрат.

— реклама —

Имајќи ја во предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори. Така што јас го кажувам мојот став не ставот на господинот Али Ахмети, дека предвремени парлaментарни избори се потребни час поскоро од овие причини и овие аргументи кои ги имаме. Сепак во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најголема пратеничка група со најголем број на грaдоначалници и советници, има политичко право и кредибилитет да бара предвремени парламентарни избори бидејќи победи на два пати на локалните избори и во првиот и вториот круг убедливо“ додаде тој.

На новинарско прашање дали разговарале за експертска или техничка влада, тој изјави дека не разговарале за тоа прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања