Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Детали за смртта на 16-годишното девојче: Имала тешка белодробна тромбемболија, се лекувала дома, па во тетовската болница и починала на скопска Инфективна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Младата пациентка од тетовско која имаше 16 години и почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, била донесена во многу тешка состојба. Починатата девет денови се лекувала дома, по што, три дена е третирана во тетовската Клиничка болница. Девојката немала никакви претходни заболувања.

„Според медицинскиот извештај од КИБФС, станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање“, велат од Министерство за здравство.

— реклама —

Според болничкиот извештај, младата пациентка не била вакцинирана. Инаку ова е втор случај за два месеци, каде млад пациент ја губи битката со коронавирусот. Претходно, почина 18-годишна девојка од Гевгелија. Таа, според болничкиот извештај и информациите на Министерство за здравство имала три хронични заболувања.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања