Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Детали за убиството во Кавадарци: Го полила со ракија и средство за дезинфекција и го запалила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи. По расправија во куќата на оштетениот, започнала физичка пресметка меѓу нив во која сега починатиот ја удрил осомничената по лицето, а таа му скршила филџан од главата. Тој ја фатил за косата и ја влечел кон бањата. Осомничената дофатила кујнски нож од масата со кој му задала неколку убоди во пределот на стомакот и градите. Од ударите жртвата паднала на подот, по што осомничената продолжила да му задава убоди додека не престанал да дава отпор. Потоа врз неговото тело истурила ракија и средство за дезинфекција и го потпалила. Оштетениот кој се уште бил жив се обидел со рацете да го изгасне огнот што горел по неговото тело, но од убодите и изгорениците кај него за кратко време настапила смрт.

— реклама —
— реклама —

Осомничената останала во станот 20-тина минути, по што излегла, ја заклучила влезната врата и заминала. Телото на починатото лице беше пронајдено на 8 септември, по што беше извршен увид на лице место​, а осомничената беше лишена од слобода во текот на вчерашниот ден.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои очигледна опасност осомничената да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања