„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Дете на хоспитализиран во ковид центар во Скопје: Татко ми е со посебни потреби и не знае да каже дали му се јаде, го боли и слично - а не можеме да добиеме инфо за него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
poliklinika-bolnica

Би сакала да остане јавно запишано дека се обидувам на сите можни начини да добијам информација за мојот татко кој е моментално во ковид центарот на неврологија. Тој е човек со посебни потреби, не знае да каже дали го боли, дали му се јаде, дали не му е добро. Притоа има скршен колкк, го оперираа во градска болница пред 2 недели каде најверојатно го заразија и со ковид и ни го предадоа со изглед на мртовец со 20 килограми помалку затоа што не знаеме дали го хранеле, се вели во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

— реклама —

Во продолжение на истата се додава:

Комплетно како фамилија сме изигнорирани од персоналот на неврологија и бараме стотици начини и контакти да дознаеме барем една реченица за неговата состојба. Не само што сметам дека е ова дрско, безобразно и нехумано однесување да го држат мојот родител зад затворени врати, а ние притоа да немаме ниту една валидна официјална информација, туку вакво нешто немало ни во војна а не во 21 век со сета технологија. Треба да почнам со приватни тужби и едно 20 луѓе да си останат без пензија ама не верувам дека и тогаш ќе се оправиме.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања