Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Детектор анкета: Државата нема соодветна поддршка ниту за спорот ниту за културата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
20200228_1204110

Државата нема соодветна поддршка ниту за спорот ниту за културата, сметаат граѓаните во

— реклама —

последното истражување на јавното мислење кое за Детектор телефонски го спроведе Институтот

за политички истражувања Скопје.

— реклама —

Според него, 59,3% од граѓаните мислат дека државата несоодветно го поддржува развојот на

спорот, додека 22,4% сметаат дека поддршката е соодветна.  70,9% од анкетираните се на став дека државата треба да му стави на спортот повеќе средства на располагање. 13,1% сметаат дека сумата која сега се одвојува е доволна додека 5,5% сметаат дека за спортот државата треба да одвојува помалку пари.

Близу половина од анкетираните или 48% сметаат дека Агенцијата за млади и спорт работи

несоодветно во насока на поддршка на спортските активности и младите, додека 29,6% се на став

дека АМС соодветно ја врши својата функција. Речиси три четвртини од граѓаните или 72,8% сметаат дека бројот на часови по физичка култура во училиштата треба да се зголеми додека 13,1% мислат дека не треба.

Слични се резултатите за перцепцијата на граѓаните и во однос на поддршката која државата ја

дава за културата.

51,6% се на став дека државата нема соодветен пристап за развој и поддршка на културата додека

26,2% сметаат дека пристапот е соодветен. 63,4% сметаат дека државата треба да обезбеди повеќе средства за поддршка на културата, 14,3 се на став дека средствата кои сега се одвојуваат се доволни, додека 6,1% сметаа дека треба да се одвојуваат помалку средства.

51,4% се на став дека не е соодветен изборот на културни манифестации кои добиваат поддршка

од државата, додека 23,6% сметаат дека државата прави правилен избор. 56,2% сметаат дека светски признатите уметници не добиваат соодветна поддршка од државата, додека 20,3% сметаат дека поддршката е соодветна.

За да се добие поддршка поважна е политичката припадност на авторите сметаат 52,5% од

анкетираните додека 25,6% сметаат дека поддршката од државата за проектите од културата се

базира исклучиво врз квалитетот на авторите.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички

истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз

репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

фото: Детектор

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања