Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Детектор: Половина од граѓаните не планираат да одат на одмор ова лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20200529_110511

Половина од граѓаните не планираат да одат на годишен одмор ова лето, покажува најновото

истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички

истражувања Скопје. Според него, 47,1% од анкетираните граѓани велат дека не планираат да летуваат оваа година, додека 33,7% велат дека ќе одат на одмор.

Од оние кои ќе летуваат, 32,9% велат дека тоа ќе го сторат во Македонија, додека 28,8% во

странство.  Најголем дел од граѓаните кои ќе летуваат или 9,6% велат дека ќе одат во Охрид. 7% планираат одмор во Грција, 4,2% во Албанија, по 2,3% во Турција и во Дојран а 2,1% во Струга.

46,8% од граѓаните велат дека имајќи ја предвид кризата со корона вирусот оваа година нема да

имаат пари за да одат на одмор, додека 34,9% сметаат дека ќе најдат финансиски средства за

летување.

— реклама —

Со оглед на проблемите кои ги предизвика вирусот, 16,1% од граѓаните стравуваат дека оваа

година воопшто нема да бидат во можност да го земат годишниот одмор, додека 28,5% велат

дека нема да имаат проблем со тоа. Сепак, летувањето на граѓаните, според анкетата на Детектор многу ќе зависи од мерките кои ќе мора да се почитуваат.

Па така, 60,8% од граѓаните велат дека нема да одат на одмор ако се уште мора да се почитуваат

— реклама —

мерките за социјална дистанца и носење маски, а за 21,4% тоа нема да биде проблем за да

летуваат.

78,6% од граѓаните велат дека не би отишле на одмор ако по враќањето мораат да поминат

самоизолација или карантин во Македонија, додека 11,6% велат дека ниту тоа не би ги спречило

— реклама —

да летуваат. Во однос на најавеното тестирање на границите, 65,7% велат дека нема да одат на одмор ако мора да прават тестови пред поаѓање, додека 22,6% се спремни и да се тестираат само за да летуваат.

52,1% од граѓаните велат дека ова лето на годишен одмор на планираат да патуваат со автобус

или авион, додека 26,4% велат дека се подготвени за тоа. Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски од Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус 3%.

фото: Детектор

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања