„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Детектор: Заев и Мицкоски за можноста за предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-mickoski

Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, безаргументирани барања на опозицијата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Детектор. Според шефот на Владата, потребен е цел мандат за да може граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроатланските интеграции.

— реклама —

— реклама —

„Не се потребни предвремени избори без разлика на јаловите, безаргументирани барања на опозицијата, според мене, да се потрудат да го спречат тоа што веќе се случува и ќе се заокружи во случувањата, а тоа е да се стави ред во правната држава, економијата да ги даде своите резултати, конечно нашата земја да истера еден цел мандат, да заокружи политики, да исполни ветувања политиката спрема граѓаните, да се направи убав пресек, па после тоа да се оди на избори. Навистина како политичка партија и политичка гарнитура донесовме сериозни храбри одлуки, искрено верувајќи дека тие одлуки на крајот на денот значат економски стандард, значат нормална земја. Веруваме дека после политичките големи одлуки се случуваат интеграциите кои што носат економија, кои што носат доверба на институциите, стабилизација на државата од секој можен аспект и на крајот благодет и економски стандард за граѓаните“ – вели премиерот во интервјуто за Детектор.

— реклама —

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е свесен дека граѓаните се уморни од одржување на било какви избори но истовремено ,актуелната состојба во земјата наметнува тоа да се случи.

Според него, март, идната година е добар датум за избори

Мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со ЕУ, а јас се надевам дека ќе ги отпочнеме, можеме да формираме една техничка влада и веднаш потоа таму некаде март месец да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот дека блескаме е вистината.“ – вели Мицкоски за Детектор

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања