Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Детето со морбили било на микробилогија и во Очна клиника, се утврдува дали таму се заразило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
morbili

Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следење на случаи на морбили што би можеле да се очекуваат, соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

- Прва и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин ќе можеме побрзо да го ублажиме процесот на ширење на новодетектираните случаи. Второ, да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и помеѓу популацијата за постоење на случај на морбили. Третата препорака се однесува на матичните лекари, педијатрите и инфектолозите, внимателно да ги следат сите симптоми што се карактеристични за морбили, да ги пријавуваат до надлежните центри за јавно здравје. Матичните и педијатрите, суспектните случаи да ги препраќаат до специјалисти инфектолози, за понатамошна дијагностика. Сите материјали што ќе бидат од тие случаи треба да се испраќаат до референтната лабораторија во Институт за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се направи дополнително и преглед во документацијата на сите што не се вакцинирани деца, или не се комплетно, да се вакцинираат. Да се засили процесот на едукација на населението за ефикасноста и важноста на вакцината како најефикасен начин за контрола и ублажување на последиците од морбили, појасни тој.

— реклама —

На вчера одржаниот состанок на Комисијата за заразни болести бил разгледуван единствениот случај на морбили, што се појави во земјава.

— реклама —

- По подолг временски период, 2019 година беше последниот случај. Се работи за детенце од 13 месеци регистрирано во Свети Николе, беше хоспитализирано во клиничката болница Штип, беше на Инфективното одделение. Пуштено е на домашно лекување и домашна изолација. Тоа е во добра и стабилна здравствена состојба. Се очекува да нема никакви последици по здравјето на детето, информираше Мехмедовиќ.

Според информациите што ги добиле, 13 дена пред симптомите, детето имало посета на Институт за микробиологија и клиника за очни болести Скопје, заради инфекција на очите.

— реклама —

Се работи на епидемиолошка анализа. Сега засега, нема дополнителни суспектни случаи со клиничка слика.

— реклама —

Мехмедовиќ нагласи дека оваа вакцинација е задолжителна и тоа треба да се почитува. Невакцинирањето на детето има меѓу другото и правни последици. Тој потсети дека се уште е во сила мерката, детето да не може во градинка без примена вакцина.

- Постојано апелираме да се вакцинираат, за да го заштитиме здравјето на децата, подвлече Мехмедовиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања