Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Детето што се давеше во Охрид го спаси доктор од Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ezero

Кавадаречки доктор спаси дете што се давеше завчера во Охрид, велат кавадарчани упатени во случајот за ТАЗЕ, кои биле на плажата.

— реклама —

-Несреќата се случи на плажа Десерет во Пештани, помина глисер и подзастана но продолжи, за по неколку секунди да се врати повторно назад. Имено, човекот од глисерот забележал дете како лебди во водата, го извади од водата и го донесе на брегот. Се бараше помош од лекар. Кавадарчанецот Ристе Зимоски, доктор и специјализант по хирургија, се стрча кон глисерот мислејќи дека се работи за повозрасен човек на кого му се има слошено. Во истиот момент здогледа дека се работи за 8-9 годишно дете кое е во несвесна состојба. Почна да ги врши сите неопходни работи за да се спаси животот на младото дете, странично го преврте, го иритираше за да исфрли што е можно повеќе вода, детето исфрли поголема количина на вода. Го ставија на носилка и го преместија внимателно под сенка каде се продолжи со масирање и иритирање на детето, да исфрли што е можно повеќе вода. По 10 минути на местото дојде уште една жена лекар, која помогна, во еден момент детето се поврати и се расплака. За отприлика 15 минути дојде брза помош и детето беше префрлено во градска болница Охрид - појаснуваат нашите соговорници.

— реклама —

Д-р Ристе Зимоски е специјализант по хирургија, вработен во клиника Жан Митрев.

— реклама —

Тој се надевал дека се ќе биде во ред со детето, но бил загрижен бидејќи долго време било останато без кислород.

Инаку детето после сите прегледи во Охридските болници е префрлено на Карил во Скопје и е во добра здравствена состојба.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања