Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Детска Критична маса #5 во сабота во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
45292610_1651727441597821_7334944980605075456_o

Улиците се место за луѓето. Особено маалските. Автомобилите треба да се гости, а не домаќини, особено на маалските улици. А предност имаат децата, нивните чекори и нивната слободна игра.

Затоа, ние од иницијативата на Детска критична маса во која сме НаТочак - NaTochak Колектив Ветерница Никулец Креатива и Едукација и Педала Ве покануваат на оваа 5-та по ред детска критична маса ја возиме во срцето на градот и завршуваме во Дебар маало – гнездото на скопските автомобили!

— реклама —

СТАРТ: 11:30 пред Центар за странски јазици и Ветерница

— реклама —

„Затоа што на улиците не е доволно само да се стави знак за Зона 30, или знак за Зона школо или Зона на смирен сообраќај. Треба да се ослободат тротоарите од возила и некаде и да се прошират, да се воведат велосипедски ленти секаде каде што може и да се смират брзините на автомобилите, со соодветни издигнувања, искривувања на коловозот, мини кружни текчиња…Начини има, но треба да се такви и вредностите.Да се стави приоритет на БЕЗБЕДНОСТА И ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА.

Со овој настан сакаме да истакнеме и оживееме 2 заборавени функции на улиците:

— реклама —

-улиците како место за безбедно пешачење и возење точак за сите генерации, за движење на децата, повозрасните, за детски колички

-улиците како место за социјални контакти, за безбедно среќавање, безбедно преминување, за контакти…

Ќе возиме точачиња со децата на Детска Критична маса, ќе пишуваме пораки за безбедност, ќе играме улични игри и ќе се едуцираме“, велат организаторите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања