Промени тема
Контакт

Детска трка Охрид Трчат 2023

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Ohrid_TrcaT_18052023005

600 првоодделенци беа дел од Детската трка „Охрид Трчат 2023“ што денеска се одржа на гратскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид. Годинава покрај охридските за прв пат учество зедоа и првачињата од Општина Дебрца

Општина Охрид е традиционален поддржувач на настанот, а младите учесници пред почетокот на трката ги поздрави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Присуството на спортски настани за мене секогаш преставува ден за уживање. Денес тоа уживање е уште поголемо бидејќи сме дел од спортски настан во кој учество земаат нашите најмили. Големата бројка на учесници посебно ме радува, бидејќи во доба на техлошка зависност, да се видат голем број деца на едно место и при тоа да практикуваат спорт е фасцинантно и за тоа сакам да им оддадам големо признание и пофалба до организаторите – атлетскиот клуб „Охрид трчат“. Веќе втора година по ред доаѓаме тука и го одбележуваме денот на физичката активност. За радоста да биде поголема оваа година на манифестацијата учествуваат и првооделенците од Општина Дебарца, за тоа им благодарам на наставниот кадар, а особено на градоначалникот Зоран Ногачески што го овозможија тоа.

— реклама —

Тука би сакал да испратам и една кратка порака до сите учесници, натпреварувачи на трката.

Не е важно кој ќе стигне прв на целта , важно е да се биде посветен во себе надградувањето. Важно е да се создаваат пријателства, важно е да се понесат убави спомени од денешниот настан. Упорноста, тренингот и посветеноста се клучот. Резултатот и пиедесталот доаѓаат како шлаг на торта после тоа. Денес овој момент слободно може да го наречам празник за очи и душа. Детскиот џагор на спортските терени буди надеж дека на Охрид му претстои светла спортска иднина.

— реклама —

Да се множат ваквите настани и спортски достигнувања– рече градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Учениците трчаа 100 метри поделени во групи, а сите ученици беа победници и добија маица, медал (финишер), вода и секако подароци од помагателите на настанот.

Организатор е АК „Охрид трчаТ“. Годинава покрај Општина Охрид и основните училишта настанот го поддржаа и МАГНА, „Стопанска Банка“ АД Скопје, Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, „Битолско Млеко 10 витамини“, „Жито Леб Охрид“, Сеавус Академија и „Изворска Вода“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања