Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Detski-festival

Во просториите на МКЦ во Скопје од денеска до 8 јуни ќе се одржи 9. издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

— реклама —

Во рамките на Фестивалот децата ќе имаат можност да гледаат меѓународни претстави со сенки. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки“, а веднаш потоа на сцената „Фросина“ ќе се претстави театарот од Италија „Unterwasser“ со претставата „Лавиринт”.

— реклама —

На 7 јуни ќе се одржи работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски, а потоа следува гостувањето на театарот „Le Studio“ од Србија, со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид-перформансот „Флудо” на Театарот „Сенки и облаци”, на плато пред МКЦ.

— реклама —

Последната фестивалска вечер ќе почне со работилницата „Караѓоз-мајсторот“ Џемал Фатих Полат од Турција, на која децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз-кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ на Театарот „Сенки и облаци“.

Организатор на Фестивалот е Театарот „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Град Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно-информативен ценатр „СПОНА“ и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството на работилниците е бесплатно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања