Промени тема
Контакт

Девет активни пожари низ државата – над 15 локации се во пламен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pozar-DZS

До 12:30 часот на 28 јули, на територијата на Северна Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои девет се сѐ уште активни, а шест се ставени под контрола – информира Центарот за управување со кризи.

Меѓу најобемните пожари е оној во реонот меѓу Василево, Радовиш и Берово, кој зафаќа делови од планината Голем Готен и Малешевските планини. Активен е и пожарот кај Прилеп, на потегот с. Бешиште – Градешница – граница со Грција, каде, поради детонации, не се изведува интервенција на терен.

— реклама —

Гори и на неколку други критични точки: околу Царевиќ, Смолани, Дрен, Галиште, Црешево, Церово, Групчин, Нерав, Ќосевица, Мршевци, Бучинци и Ореше – дел од нив со ризик и за населени места.

— реклама —

Пожарите под контрола се бележат кај Куманово, Македонски Брод, Штип, Карбинци, Кичево и Петровец, но на некои локации, како Димонце и Коњух (опш. Кратово), сѐ уште постои закана по куќи.

— реклама —

Надлежните апелираат до граѓаните за крајна внимателност и пријава на секое воочено жариште. Институциите остануваат на терен со сите расположливи ресурси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања