Девет пожари на отворено на територијата на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-07-16-at-19.16.33

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 9 пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле ѓубришта, депонии, запалени кабли и гуми, стрништа, сува трева и нискостеблеста вегетација и шума.

— реклама —

Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, од 19.35 до 20.00 часот, гаселе запалена депонија на површина од 200 m2 во село Батинци. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 3 пожарникари (Општина Студеничани), од 20.45 до 21.10 часот, гасnеле запалена сува трева покрај ул. „Скупи“ б.б во Бардовци. Интервенцијата ја извршиле со 1 ПП возило и 2 пожарникари (Општина Карпош).

— реклама —

РЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Битола во која се наведува дека во период од 11.00 до 11.47 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и ниска авегетација 2 км од бензиската пумпа ,,Пелагонија петрол“ (кон Прилеп).

— реклама —

РЦУК Стумица, ја пренесува информацијата од ТППЕ Валандово во која се наведува дека во период од 14.15 до 15.20 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалени лисја и јавор кај с.Собри на површина од 0,2 хектара. Од ТППЕ Струмица, во период од 18.03 до 19.20 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија кај с.Банско.

РЦУК Велес, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кавадарци од 12.05 до 13.00 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена дива депонија во близина на с.Раец.

РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека во период од 17.57 до 18.25 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалени кабли и гуми во близина на фабрика за вода во ромско маало во Кочани.

РЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 17.40 до 18.25 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре во с.Теферич.

РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово дека од 19.10 до 19.50 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и нискостеблеста вегетација кај асфалтната база во реон на с.Романовце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања