Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Девет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шестмина приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarybb47e8uchslf7fhZQrQ

Во изминатото деноноќие, полицијата регистрирала девет случаи на семејно насилство низ државата, а шест лица биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Кавадарци е приведена 37-годишна жена која, според пријавата, физички ја нападнала својата 57-годишна мајка и ѝ упатувала закани. При извршеното алкотестирање кај неа биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта.

Во Куманово бил приведен 71-годишен маж поради физички напад врз неговата 50-годишна сопруга, додека во Дебар е лишен од слобода 58-годишен маж кој бил агресивен кон својата мајка.

— реклама —

Во Штип полицијата привела 30-годишен маж осомничен дека физички ја нападнал својата 24-годишна партнерка, а во Пехчево бил приведен 50-годишник кој, според пријавата, ја нападнал сопругата и ѝ упатувал закани.

— реклама —

Во Скопје, на подрачјето на Центар, полицијата го лишила од слобода 42-годишен маж поради закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство.

Покрај приведените, полицијата постапува и по уште три пријави. Во Ранковце било пријавено дека маж физички ја нападнал својата мајка, во скопската населба Аеродром, 40-годишен маж пријавил дека сопругата го повредила со остар предмет, а на „Јадранска магистрала“ во Скопје партнери меѓусебно се пријавиле за физички напад.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 21 час

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 21 час

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања