Промени тема
Контакт

Девет возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации во државата лишиле од слобода девет возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.М.(31) и А.П.(21), двајцата од Скопје, С.А.(39) од село Страхојадица, скопско, Н.М.(35) и 15-годишник, двајцата од Прилеп, В.С.(41) од Кичево, А.Ш.(18) од Тетово и 17-годишник од село Брвеница, тетовско.

— реклама —

Според МВР, 17-годишникот од Брвеница предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

— реклама —

Од слобода бил лишен и И.А.(62) од село Долна Бањица, гостиварско, кој управувал возило и покрај изречена забрана за управување со моторно возило.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryo9q0tri06gplfmWov7s

Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин

Македонија | пред 10 часа

media-librarylvack7o1p1soembBNEc

628 прекршоци за брзо возење за само шест часа

Македонија | пред 10 часа

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања