Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Девет возачи се лишени од слобода, а едно лице е повикано на службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации во државата презеле мерки против десет лица. Осум од возачите управувале возило без да имаат положено возачки испит.

Станува збор за И.Џ. (34), О.Е. (21) и Н.Т. (20) од Скопје, Е.Д. (19) од Арачиново, 17-годишник од Студеничани, С.Д. (65) од Србија, 16-годишник од Велес и Ш.А. (48) од Прилеп. За последниот МВР наведува дека возел и под дејство на алкохол.

— реклама —

В.Д. (31) од Разловци, Делчевско, управувал моторно возило и покрај активната мерка забрана за управување.

— реклама —

Во друг случај, Д.Г.Т. (24) од Холандија управувал со брзина од 175 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина била 80 километри на час.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од Министерството повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt02gl61tb0qfddY859l

Нападнале 63-годишна жена во Скопје и ѝ ја украле ташната, полицијата приведе 19-годишник и 15-годишник

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-library0nqdf883a6vhcpWBDEA

(Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел - полицијата го казни

Скопје | пред 5 часа

uapsen

Напади врз сопруги, деца и полицаец, приведени повеќе лица

Македонија | пред 7 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања