Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Девојката од Скопје по која се трагаше не била пријавена за исчезната во МВР, а таа се огласи на „Фејсбук“: Се кренала лажна тревога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-25-at-07.52.06

Девојката Симона Стојкова од Скопје по која се трагаше преку објава на страницата „Најдиме.орг.мк“, никогаш не била пријавена за исчезната во полициска станица. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, вчера на полноќ, напишала дека објавата е лажна. Сепак, од организацијата која е издавач на порталот велат дека тие постапиле по пријава, од како што велат, семејството на Стојкова. Апелот бил споделен доброманерно, за да се најде девојката, откако системот им имспратил порака дека таа е пријавена за исчезната. Од организацијата велат дека описот е објавен согласно дадените информации од семејството. „Скопје1“ побара од нив контакт од пријавителите уште вчеравечер, но тие рекоа дека такви информации не споделуваат. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, 35-годишната девојка вели сѐ е лажна тревога.

— реклама —

„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата, без да објасни што се случило, дали навистина била недостапна или пак станува збор за лажна пријава злоупотребувајќи и ги податоците.

— реклама —

„Скопје1“ побара став и од менаџментот на страницата „Најдиме.орг.мк“ уште во текот на вчерашната вечер. Тие укажаа дека кога добиваат пријава за исчезнато лице, а кое е полнолетно, не ја контактираат полицијата туку апелот го објавуваат директно. Посочуваат дека досега имале неколку успешни акции кога се трагало по лица со деменција, што овојпат не беше случај, бидејќи со описот во кој стоеше „Се јавила со врискање на денот на исчезнувањето..“, оставаше впечаток дека таа е киднапирана. Велат дека тие биле контактирани од семејството на девојката,а тие реагирале за лицето да биде брзо лоцирано.

„Тој е сајт на кој има можност да се пополни онлајн апликација за исчезнато лице. Доколку стануав збор за исчезнато дете, ние мораме, обврзани сме да контактираме со полиција и да добиеме од полиција или да го насочиме семејството да го пријави лицето, па дури потоа, во согласност со полиција да го вклучиме „Amber alert“ системот, дека е исчезнато дете. Кога станува збор за лице над 18 години, во тој случај ние ги објавуваме за да им помогнеме на семејствата. Во случајот, објавени се името и фотографијата. Ние сме алармирани преку системот дека е пополнета апликација, нѐ контактираа од семејството, аналогно на тоа, имајќи го телефонскиот број кој ни го дадоа, ние ја објавивме информацијата која тие ја доставија. Во истиот момент кога разговараа со нас, кога нѐ контактираа, беа во полцииска станица Водно, од каде што ги препратиле во локалната полициска станица. Гарантирам дека тие однесоа и сѐ информираа, бидејќи нѐ контактираа од таму“, вели претставник на правното лице издавач на платформата „Најдиме.орг.мк“.

[caption id="attachment_327529" align="alignnone" width="1272"] Screenshot[/caption]

„Скопје1“ уште вчера побара одговори од МВР, дали е пријавено лицето за исчезнато, а оттаму проверија низ сите СВР на ниво на држава, но пријава немаше.

„До овој момент во ниту еден сектор за внатрешни работи на територија на цела држава, нема пријава за исчезнато лице со вакво име и презиме“, велат од МВР за „Скопје1“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања