Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дезертерот Ковачевски бега кукавички од одговори за скандалот, исто како што го избегнал и служењето на воениот рок, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-ilinden

Дезертерот Ковачевски со денови се крие од јавноста за скандалот со медицинската документација за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН која ја поднел за да одбегне служење на воениот рок. Дури се дрзна и безочно да ја излаже јавноста еднаш правдајќи се дека воениот рок не го служел заради школување, а вторпат заради хируршки интервенции. Лага до лага. По се изгледа се криел кукавички и тогаш кога бегал од обврската кон државата, бега и сега кога не дава одговори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Но загрижува и молкот на институциите. Повторно прашуваме, зошто на Ковачевски се' уште не му е покрената постапка за утврдување на деловната способност од страна на Судот во вонпарнична постапка според членовите 34, 35, 36 и 37, како и поведување на постапка за одземање на безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни којшто според член 38 од ЗКИ и член 4 точка 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации не може да се издаде на лица кои НЕМААТ деловна способност и имаат здравствени проблеми.

— реклама —
— реклама —

Трајно неспособниот Ковачевски колку повеќе бега од одговори и одговорност, толку повеќе потврдува дека е дезертер. Еднаш дезертер секогаш дезертер. Еднаш лажго секогаш лажго“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања