Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Дезинфекција на возилата и редуциран возен ред и за приватните превозници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
dezinfekcija

Претставници на градската администрација денеска остварија повеќе средби со претставници на приватните превозници приклучени во јавниот градски превоз во Скопје.

— реклама —

На средбата беше дискутирано за потребните мерки кои траба да се спроведат согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

На средбата присутните беа информирани за превземените мерки на ЈСП-Скопје, каде деновиве возилата интензивно се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

— реклама —

Како дополнителна мерка, од утре (12.03.2020 година, четврток) автобусите на јавниот превоз ќе сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред се воведува согласно со актуелната состојба со корона вирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и како една од мерките и препораките за превенција од ширење на вирусот. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.

Дополнително, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Скопје за интензивирање на активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила, како и за потребата за редуцирање на возниот ред кај приватните превозници.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања