Промени тема
Контакт

Дијабетес тип 2 кај младите во САД се зголемил десетпати за две децении

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
dijabetes

Дијабетес тип 2 кај децата и адолесцентите во САД бележи драматичен пораст, покажува ново истражување на Европското здружение за проучување на дијабетесот (EASD). Според анализата, учестеноста на ова заболување кај лицата помлади од 20 години се зголемила речиси десетпати од 2002 година.

Истражувањето се темели на податоци собрани во Колорадо во периодот од 2002 до 2023 година. Во тој период биле регистрирани повеќе од 8.000 случаи на дијабетес тип 1 и околу 1.500 случаи на дијабетес тип 2 кај деца, адолесценти и млади до 20 години.

За разлика од тип 2, учестеноста на дијабетес тип 1 во текот на двете децении останала речиси непроменета. Кај дијабетесот тип 2, пак, бројот на случаи забрзано растел – просечниот годишен пораст изнесувал 2,9 отсто меѓу 2002 и 2013 година, а во следната деценија се зголемил на 4,7 отсто.

— реклама —

Истражувачите предупредуваат дека дијабетесот тип 2 кај децата и адолесцентите може да напредува поагресивно отколку кај возрасните, со појава на оштетувања на органите за само неколку години.

— реклама —

Според авторите, трендот не е ограничен само на Колорадо, туку се забележува и во националните податоци за САД. Зголемената стапка на прекумерна телесна тежина кај децата дополнително го отежнува разликувањето меѓу двата типа дијабетес, бидејќи нивните клинички карактеристики сè повеќе се преклопуваат.

Научниците сметаат дека ваквите промени ќе создадат дополнителен притисок врз здравствениот систем и укажуваат на потребата од подобра дијагностика и соодветен пристап во лекувањето на дијабетесот кај младите.

— реклама —

Истражувањето ќе биде претставено на годишниот состанок на EASD во Милано, кој ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања