Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ДИК бара да се преиспита одлуката за одржување на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dik-1

Државната изборна комисија (ДИК) побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Од ДИК истакнуваат дека во изборниот процес се вклучени многу луѓе кои треба да комуницираат меѓусебно, меѓу кои членови на избирачките одбори, членовите во ОИК и административно техничкиот и логистички персонал.

— реклама —

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски потенцираше дека треба да се донесе одлука со ладна глава, бидејќи сега на прво мест е здравјето на граѓаните. Тој рече дека е редуциран бројот на активностите на ДИК и се прават сите напори голем дел од обврските да се завршуваат по електронски пат, но во нивните простории понекогаш поради организација на изборите се собирале по 200 до 300 луѓе дневно.

Сепак, од комисијата истакнаа дека работат според Законотот и Роковникот и навремено ги преземаат сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагодат и ќе ја почитуваат секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација.

— реклама —

Во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок на Советот за безбедност кај претседателот, Стево Пендаровски, во врска со ширењето на коронавирусот. Деркоски појасни дека тие немаат претставник во Советот за безбедност, па затоа ја користат седницата за јавно да ги кажат своите ставови.

извор: Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања