ДИК менува правила: Да важат и гласачките ливчиња без печат од одборот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dastevski-9182

Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња кое предвидува одредба спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик.

— реклама —

ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг, да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор.

— реклама —

Инаку печат на секое искористено гласачко ливче е пропишана со Изборниот законик.

— реклама —

Во правниот систем, законите се повисока категорија на акти од упатствата кои шти претставуваат подзаконски акти. Упатствата секогаш треба да се усогласат со законите.

Членовите на ДИК и претседателот Александар Даштевски се правници по образование и вокација, а при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку „на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал“.

Но во членот 109 став 2 од Изборниот законик стои објаснувањето за печатот: „Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.“

Правниците, адвокатите и членовите на ДИК одлучиле дека иако законски гласачкото ливче мора да има печат пред да му биде предадено на избирачот, всушност ќе се брои за важечко и доколку нема печат удрен од избирачкиот одбор.

На гласањето денеска не бил само членот на ДИК Кренар Лога, предложен од Алијансата на Албанците.

Одлуката е донесена, најверојатно откако Управниот суд поништил гласање на едно избирачко место во општина Шуто Оризари затоа што ливчињата во кутијата немале печати на нив. Сега членовите на ДИК сметаат дека ќе нема вакви проблеми ако го сменат упатството, иако во Изборниот законик останува обврската за печат.

Дополнителен проблем е што имаше обуки на илјадници членови на избирачките одбори дека мора да удираат печати на ливчињата, а сега се менува упатство 5 дена пред изборите, без можност за обука. Од друга страна, членовите на избирачките одбори ќе мора да одлучуваат дали ќе ги печатираат ливчињата како што им е законската обврска или пак да ги послушаат правниците од составот на комисијата кои тврдат дека може да сегласа и на непечатирано гласачко ливче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања