Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ДИК: Одѕивот до 17 часот е 38,78 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
drzavna-izborna-izleznost-do-17

На интернет страницата на Државната изборна комисија објавено е дека до 17 часот излезноста е 38,78 отсто од вкупниот број на гласачите. До 17 часот обработени се 3.459 гласачки места од вкупно 3.480. Досега гласале 703.522 избирачи.

По избрачки единици излезноста е: ИЕ1 - 41,07%, ИЕ2 - 36,98%, ИЕ3 - 43,85%, ИЕ4 - 43,99%, ИЕ5 - 38,21% и ИЕ6 - 29,6%.

— реклама —

Во Изборната единица 1 најголема е излезноста во Македонски Брод 55,61%, во ИЕ 3 - Ѓорче Петров со излезност 41,59%, во тројката - Крива Паланка со 58,7% излезност, во ИЕ 4 - Новаци со излезност од 60,05 отсто, во ИЕ 5 Вевчани - 56,94% и во ИЕ 6 - Тетово со излезност од 33,72 отсто од запишаните гласачи.

— реклама —

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на прес-конференцијата во 17.30 часот рече до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но кажа дека тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања