Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ДИК побрзо да ја отпочне постапката за набавка на апарати за отпечаток од прст, апелира Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
prst-6

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел до Државната изборна комисија брзо да отпочне постапката за набавка на апарати за идентификација на отпечаток од прст, со цел навреме да бидат обезбедени овие апарати кои станаа законска обврска и за претстојните локални избори.

— реклама —

– Ќе направиме се да набавиме тоа што зависи од нас. Министерот за финасии реагираше конкретно – пари во буџетот има, ако фалат – имаме ребаланс. Секако за тоа да се направи дадовме писмено одобрение од страна на Финасии за да може претседателот на ДИК и целата ДИК да влезат во постапка на набавка на апаратите за отпечаток од прстот, рече Заев.

Тој верува дека ќе се стигне тоа да се сторат до локалните избори, бидејќи, како што рече, има уште околу осум месеци, а со современите европски технологии очекува тоа брзо да се направи.

— реклама —

Заев додаде дека доколку изборите се спроведат на овој начин тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес, што е многу важно.

-Апелирам до ДИК, сите владини служби стоиме на располагање, да инсистираме брзо да се направи набавката, посочи Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања