Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ДИК: Резултатите од гласањето на заболените од КОВИД 19 ќе се знаат во среда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
dik

Портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани на втората прес конференција истакна дека резултатите од гласањето на заболените од КОВИД 19 ќе се знаат во среда.

– Гласчките ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда, изјави Шабани.

— реклама —

Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања