Промени тема
Контакт

Дилер од Битола бегал од полицијата, ОЈО бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image-160768

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 33-годишник, во текот на мај и јуни годинава, во повеќе наврати од засега неидентификувано лице неовластено набавувал марихуана и амфетамин во различни количини, ги препакувал во помали пакувања и ги препродавал на наркозависници. На 14 јуни, бил забележан од полициски службеници кои му дале наредба да застане, но тој не послушал туку избегал. Бегајќи, од раката исфрлил 15 поединечни пакувања со вкупно 11 грама амфетамин и цигара со марихуана. На 15 јуни бил извршен претрес во неговиот дом, каде било пронајдено најлонско пакување со непозната материја, кое е дадено на вештачење.

— реклама —
— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците кои од него набавувале дрога и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања