Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Дим и експлозии близу најголемата нуклеарната централа во Европа – расте ризикот за безбедноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупредува на сериозен ризик по нуклеарната безбедност откако нејзин тим утрово забележал дим и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје – најголемата ваква централа во Европа.

— реклама —

Според соопштението на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, нападот започнал околу 9 часот со употреба на дронови и артилериско гранатирање, при што мета била помошна инфраструктура на околу 1.200 метри од главниот енергетски блок. Во текот на целото претпладне, димот од погодената зона бил јасно видлив.

— реклама —

„Секој напад во близина на нуклеарна електрана – без разлика на целта – претставува потенцијална закана по нуклеарната безбедност и мора итно да се избегне“, изјави Гроси, додавајќи: „Повторно повикувам на максимална воена воздржаност околу нуклеарните објекти, за да се спречи ризикот од катастрофална нуклеарна несреќа.“

— реклама —

Нападот се случува во услови на продолжена воена ескалација во регионот, а Запорожје останува под контрола на руските сили од 2022 година, што редовно предизвикува загриженост кај меѓународната јавност поради блискоста на воените дејствија до нуклеарната постројка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања