Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Димитриеска Кочоска: Власта на штета на граѓаните го зголеми работното време на 60 часа, а се декларира како социјалдемократска влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
teren-slika8-27052023

Нема ден да не помине, а да нема некое ново разочарување кое што владата го приредува на граѓаните, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на тетовско Сараќино во акцијата Ова е Македонија за сите.

— реклама —

Димитриеска Кочоска посочи дека во собранието се изгласани закони кои се штетни за граѓаните, потенцирајќи дека додека зборуваат дека се социјалдемократска влада гласаат измени на закон за работни односи и зголемување на работните часови од 40 на 60 во текот на работната недела.

— реклама —

Бевме сведоци на тоа дека власта донесе закони со кои што поистоветуваше легализирани објекти и нелегализирани објекти. Власта во исто време го погази законот за градење и законот за урбанистичко планирање. Закони кои што веќе функционираат во државата, власта во исто време донесе одлука да работните часови наместо 40 во текот на неделата станат 60. Значи внимавајте социјалдемократска влада која што постојано зборува дека е на страна на граѓаните денес донесе одлука да се зголемат работните часови од 40 на 60, истакна таа.

И најтажно е што сето тоа го прават заради корупција и криминал. Ако сакаат да донесат вакви закони со кои што ги погазуваат законите кои што веќе биле значи во согласност со европските закони и норми, тогаш зошто не го направија претходно. Го носат денеска откако повторно произлезено од овие закони зошто подоцна ги носат плаќаме казнени пенали од 53 милиони евра за коридорот 8, 15 милиони евра секоја година заради повторно тој закон не го донесоа така како што го договарале. И да не заборавиме значи ова е само последна коруптивна зделка, бидејќи не можам да кажам ништо друго освен дека овие пари ќе се користат за корупција и криминал и финансирање на кампањата на следните избори, смета таа.

— реклама —

Димитриеска Кочоска се осврна и на задолжувањата од страна ан владата на СДС и ДУИ и додаде дека со тоа што владата ќе плати 86 милиони евра казнени пенали ќе можела за тие пари да изгради Клинички центар.

— реклама —

Во континуитет имаме само дополнителни задолжувања и носење на одлуки, со цел да се загорчи животот на граѓаните. Е сега ги спомнав 86 милиони евра казнени пенали, точно колку што ќе чинеше да се изгради еден пристоен Клинички центар, рече таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања