Промени тема
Контакт

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година е единствена политичка партија што има позитивен ревизорски извештај за предвремените парламентарни избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gordana20062022.jpg

„Јас, во моментов, можам да зборувам за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, навистина, не ги следам другите политичките партии и извештаи. Можам најодговорно да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозни намалување на донациите што доаѓаат од физички и правни лица. И тоа го констатира и Државниот завод за ревизија, од каде што може јасно да се види дека донациите од физички лица се сериозно намалени, да не речам за 3-4 пати. Ако се вратиме на 2018 и 2019 година, кои се можеби најубав репер, бидејќи во 2020 се смени законот и може да се префрлаат донации од редовна сметка на изборна, тогаш можеме да видиме дека во ВМРО-ДПМНЕ имаме драстично намалување на донации од физички лица“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Аласт М Телевизија.

— реклама —

Димитриеска Кочоска се согласува дека Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии имаат одредени недоречености, но вели дека така е и со многу други закони. За забелешката дека независните кандидати не добиваат поддршка од државниот буџет, таа смета дека треба да добиваат, но вели и дека големите партии не го земаат најголемиот дел од „колачот“.

— реклама —
— реклама —

„Во континуитет кога ќе оди исплатата за политичките партии, првата галама што се прави е колку добиле. Ние сме голема политичка партија, со многу советници, има методологија на исплата, голем број пратеници и логично е да е така. Но, кога ќе ги погледнете математиките како се прави тоа, не е дека овие партии добиваат најмногу средства од вкупниот износ што е наменет“, вели Димитриеска Кочоска.

— реклама —

Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ, во 2020 година е единствена политичка партија што има позитивен ревизорски извештај за предвремените парламентарни избори. Да не е случајот со замрзнување на имотот и судскиот спор, јас верувам дека и во делот на редовната сметка би имале, исто така, чист ревизорски извештај зашто мислам дека во последните четири години навистина напорно работиме во овој дел и, на крајот од денот, што и да се одлучи од аспект како ќе се контролира тоа ние сме отворени за соработка. Сите документи се тука, немаме што да скриеме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања