„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитриевски: Ако се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе бараме реакција од државата, ако не, никој нема да може да ги спречи кумановци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-43

Во име на мојата општина, на 4 февруари полагам цвеќе на гробот на Гоце Делчев. И годинава сме пријавени и очекувам одобрување. Апелирам до граѓаните на достоинствен начин да го испочитуваме ликот и делото на Делчев. Исто така, апелирам до оние кои ќе дојдат од Бугарија да покажат достоинство оти доаѓаат да почитуваат еден голем ревелуционерен лик. Не смееме да забрануваме некој да влезе во земјата, но полицијата и безбедносните служби треба да ги детектира личностите кои сакаат да направат проблем и тоа да го решат со време, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во емисијата студио 10 на ТВ24.

— реклама —

-И Џамбаски и кој било друг што нема да ја почитува земјата, што ќе ја негира земјата, ако го сторат тоа сега треба да им се забрани понатамошен влез во Македонија, вели Димитриевски.

Тоа што го кажа Османи во Бугарија повлекува барање за оставка, вели Димитриевски за изјавата на министерот за надворешни работи со која рече дека повеќе ѝ верува на една странка во случајот отколку на органите на законот и правдата.

— реклама —

-Македонија е демонтирана држава, службите се демонтирани. Денес нема кој да соработува со службите во заштита на државата – а тоа не е срамно – затоа што луѓе беа лустрирани затоа што работеле за Македонија, вели Димитриевски додавајќи дека државата станува се послаба.

Куманово е мултикултурен град на толерантни луѓе, вели Димитриевски за најавите за отворање уште еден бугарски клуб овојпат во Куманово. -Кај нас сите се добредојдени ако сте добронамерни. Ако не сте добронамерни и не негирате, Кумановчани од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат, вели Димитриевски додавајќи дека прагот на толеранција не смее да се премине.

-Ако има обид да се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе ги повикаме официјалните, државните служби да реагираат. Ако тоа не се случи, никој не може да ги спречи кумановци да се самоорганизираат, вели Димитриевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања