„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитриевски: Истакнувањето на обележје од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите, за ваков ли соживот се боревме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
maksim-dimitrievski-03-696x465

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, како и одлуката за промена на името на улицата „Втора Македонска ударна бригада“.

— реклама —

„Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир, како и одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада.

- Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

— реклама —

Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата.

- Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и преземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија!?

- Јавно прашање до раководството и моите довчерашни сопартијци:

- За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата" Едно општество за сите"?!

- Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи?

- Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам“, вели Димитриевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања