Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба, реагира Димитриевски во изјава за ТВ „Телма“. Сепак, тој смета дека во случајот нема политичка борба тука само различни ставови на општинскиот штаб што го раководи тој и централниот државен штаб.
„Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, вели Димитриевски.
Според Бухова градоначалникот Димитриевски го прекршил решението за домашна изолација и лекување и го напуштил местото на престој, спротивно на Законот за заштита на населението од заразни болести.
фото: Архива