Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Димитриевски: Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави е велепредавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maksim

Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство, напиша на својот ФБ профил  градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Димитриевски во својата објава додава:

— реклама —

Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за Бугарската страна е прифатливо дека Македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина.

— реклама —

Ваквите изјави се спротивни на Македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва.

Во историјата на Македонија ваквите тези ги користеа изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.

— реклама —

Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен Премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги.

— реклама —

Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска подршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста, напиша Димитриевски на ФБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања