Промени тема
Контакт

Димитриевски распали по полицијата: Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
345586042_3577338715831499_4562722230518583144_n

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако добил пријава од граѓанин за паркирано полициско возило на место каде што паркирањето е забрането, „распали“ по полицијата.

„Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица во овој случај полициски службеници.

- Класичен пример како не треба, за жал со оваа се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот прв и во континуитет го крши.

— реклама —

- Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, освен да се фалат со безбедноста на хартија и на партизирани настани и да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава во која со калашникови како на филм се убиваат, но спас има и од вас како и од тие пред вас на ист начин, на избори, народот ќе ве смени.

Возилово на МВР е паркирано преку травникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен ток на бул. Трета МУБ на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина "убав пример за граѓаните" а подоцна ќе барате од општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија...

Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте.

— реклама —

Благодарамнаграѓанинот кој совесно го пријави оваа до мене а јас во интересна јавноста го споделувам со Вас“, вели Димитриевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања